Новата сезона во шпанската Ла лига ќе започне без право дерби на 20-ти август, а ќе заврши на 20 мај следната 2018 година.

„Кралевите“ одбраната на титулата ќе ја започнат на „Риазор“ против Депортиво ла Коруња, додека Барселона домашен терен ќе го пречека составот на Бетис.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој во летниот преоден рок го засили тимот на Леванте ќе дебитира на „Ел Мадригал“ стадионот против Виљареал.

Најголемото дерби во Шпанија и во светот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 20 декември во рамките од 17-та рунда на Сантијаго Бернабеу. Второто „Ел класико“ на програмата е на 6 мај на Ноу Кам.

Двојки:

Севиља – Еспањол

Малага – Еибар

Селта – Реал Сосиедад

Валенсија – Лас Палмас

Барселона – Реал Бетис

Депортиво ла Коруња – Реал Мадрид

Легање – Алавес

Виљареал – Леванте

Атлетико Мадрид – Жирона

Атлетик Билбао – Гетафе

OhridNews