Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди е најзаслужен за нова победа на Леванте во шпанската Примера дивизион. Фудбалерот за врска го постигна клучниот погодок во 89-та минута за гостинска победа на Леванте (2-1) кај тимот на Гранада.

Барди кој го започна натпреварот од првата минута за водство од 2-1 и конечна победа погоди со својот заштитен знак-удар од далечина. Македонскиот репрезентивец биеше силно и прецизно во десниот долен агол и го остави домашниот голман не моќен да стори нешто повеќе. Во завршните минути Леванте ја одбрани предноста и запиша значајани три бодови на табелата.

 

OhridNews