Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди се запиша во листата на стрелци во ремито на неговиот тим Леванте (2-2) против Еибар во 10-та рунда од шпанската Примера.
Барди со четвртиот погодок сезонава донесе водство 2-0 за својот состав. Сепак, Леванте не успеа да слави на крајот, откако домаќините со два голови изедначија и се спасија од пораз.
Леванте со 12-ет бодови се наоѓа на 11-то место на табелата, додека Еибар на последното место на табелата кое гарантира опстанок во елитното друштво.
OhridNews