Екипите на Леванте и Валенсија ги поделија бодовите во првиот натпревар од денешната програма ремизирајќи 1-1.
Леванте во дербито со Валенсија се избори благодарание на македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој погоди за егал пред крајот на првиот дел.
Претходно, „лилјаците“ преку Родриго после половина час игра стигнаа до водство кое подоцна беше анулирано од Барди.
За репрезентативец на Македонија ова втор погодок во третиот настап во дресот на Леванте во шпанската Ла лига.
Со освоениот бод Леванте стигна до шестиот, а исто толку има и Валенсија и двете екипи се наоѓаат во горниот дел од табелата.
OhridNews