Жозе Мануел Баросо и Штефан Фуле наместо Скопје, го избраа Охрид за реализација на заедничката посета на 9-ти април, јавуваат дел од националните медиуми.

Тоа што главниот град ќе биде заобиколен од стана на гостите е поради желбата на претседателот на европската комисија Баросо, кој инсистирал Охрид да биде местото каде тој ќе престојува заедно со Фуле.

Баросо и Фуле најверојатно ќе имаат средби со претседателот Иванов, премиерот Груевски, но и со Али Ахмети и Бранко Црвенковски. Оваа двојна посета е во клучен период кога Македонија ги подготвува предвремените избори.

Посетата на Македонија е дел од нивната заедничка турнеја на Балканот. За три дена Баросо и Фуле ќе ги посетат Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

OhridNews