Барселона стекна предност против Атлетик Билбао, додека Атлетико одигра без голови во Виго, против Селта, во првите четвртфинални натпревари во Купот на Кралот.


Барселона, без Меси и Суарез, за 25 минути го реши прашањето на победникот на „Сан Мамеш“ во Билбао. Мунир и Нејмар беа стрелци за Барселона, додека почесниот гол за Атлетик е дело на Адурис.


Лидерот во Примера, Атлетико Мадрид, на „Балаидос“ во Виго, одигра натпревар без голови со Селта. Во четврток своите први четвртфинални мечеви ќе ги одиграат Валенсија и Лас Палмас, односно Севилја и Мирандес.

OhridNews