Барселона го потврди пласманот во четвртфиналето во Купот на Кралот, откако и во реваншот го совлада градскиот ривал Еспањол. Покрај Барселона, четвртфинале во средата изборија и екипите на Атлетик Билбао, Селта и Лас Палмас.
Барселона по убедливиот триумф во првиот натпревар против Еспањол (4:1), рутиснки славеше над градскоиот ривал во реваншот. Во победата од 2:0, двата гола ги постигна Мунир Ел Хадади.
Претходно четвртфинале изборија Мирандес и Севилја, а последните два тима ќе бидат позанти по одигрувањето на реваншите помеѓу Гранада и Валнесија (0:4), односно Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано (1:1).
Резултати: Виљареал-Атлетик Билбао 0:1 (2:3), Еспањол-Барселона 0:2 (1:4), Селта-Кадиз 2:0 (3:0), Лас Палмас-Еибар 3:2 (3:2)
OhridNews











