Каталонците имаат отворен пат кон титулата во Купот на Шпанија откако во четвртфиналето успеаја да го минат Атлетико Мадрид со вкупен резултат (4-2).
Фудбалерите на Барселона на Винсенте Калдерон допатуваа со минимална предност 1-0 од првиот натпревар. Но, не само што ја задржаа туку извојуваа и нова победа 3-2 со што го запечатија пласманот во најдобрите четири.
Сите пет погодоци на мечот паднаа во првите 45 минути, а голеадата ја отвори Фернандо Торес уште на стартот. На 1-1 изедначи Нејмар, а Раул Гарсија донесе ново водство за домаќините.
Миранда со автогол ги изедначи бројките на семафорот, а во корист на гостите ги направи Нејмар со вториот погодок на натпреварот.
Од финишот на првиот дел „јорганџиите“ играа со фудбалер помалку, а од 84-та и со двајца откако исклучен беше Марио Гомез.
Мх.П.