Интересот за услугите на Иван Раќитиќ ја примораа Барселона да ја одреди цената за хрватскиот репрезентативец.  Каталонците за предвремено раскинување на договорот ставија клаузула од 125 милиони евра.

По потегот на Барселона на ред се Баерн Минхен и Пари Сент Жермен кои нескромно го посакуваат Хрватот во своите редови. 30-годишниот фудбалер плени со својата игра во Барселона, а беше еден од двигателите на хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија. Хрватска стигна до сребрениот медал.

Ако „баварците“ или „светците“ ја платат одредена сума за Раќитиќ, тој ќе стане најскапиот фудбалер над 30 години. Сопственик на рекордот е Кристијано Роналдо кој за 100 милиони евра ова лето трансферираше од Реал Мадрид во Јувентус.

Раќитиќ кариерата ја започна во Базел, а од таму се пресели во Шалке. Од Германија замина во шпанска Севилја од каде направи трансфер во Барселона.

OhridNews