Шпанскиот шампион, Барселона го ангажираше холандскиот репрезентативец Јеспер Силесен кој на Ноу Камп стигнува како замена за Клаудио Браво.
Чуварот на мрежата во Барселона се пресели од Ајакс, а каталонците за неговите услуги на холандскиот клуб му исплатија 13 милиони евра.
Холанѓанецот со клубот од Ноу Камп потпиша петгодишен договор, а минутажата ќе ја дели со германскиот репрезентативец Андреас тер Штеген.
Презентацијата на Силесен е закажана за в петок, а тој може да дебитира уште викендов во второто коло во Ла Лига.
OhridNews