Шпанска Барселона без капитенот Андрес Иниеста ќе му се спротистави на Челси во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

Иниеста кој ќе отсуствува три недели од терените се повреди на дерби средбата со Атлетико Мадрид во првото полувреме. 33-годишниот фудбалер се пожали на болки во бутниот мускул, а деталните прегледи покажаа оштетување и пауза.

– Изгубивме витален играч во нашиот состав. Тешко е да се најде замена, бидејќи не постојат играчи какви него на овој свет. – изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Реваншот на Ноу Камп помеѓу Барселона и Челси се игра на 14 март, а првиот натпревар одигран на Стемфорд Бриџ заврши без победник 1-1.

OhridNews