Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Атлетик Билбао и Барселона на Сан Мамеш стадионот во 23-та рунда од шпанската Ла Лига.

Херој на каталонците во ремито беше чуварот на мрежата Андре тер Штеген кој имаше неколку фантастични интервенции. Германецот скроти неколку удари од далечина, а за издвојување е реакцијата после обидот на Инаки Вилијамс во 82-та минута. Нападот на Барселона потфрли и воопшот не се закана кон голот на домаќините.

Од ремито на Барселона најмногу профитираше Реал Мадрид кој победи против Атлетико Мадрид во градското дерби со 3-1 и стигна на шест бодови негатива.

OhridNews