Реал Мадрид и Барселона ја продолжија мртвата трка за шампионската титула во Ла Лига забележувајќи убедливи победи против Депортиво ла Коруња (6-2) односно Осасуна (7-1).
„Кралевите“ со триумфот на „Риазор“ ги залечија раните од поразот од Барселона во „Ел класико“. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан направи драстични промени во екипата кои донесоа позитивен резултат.
Каталонците, пак, на крилата од победата на Сантијаго Бернабеу го декласираа составот на Осасуна пред своите гледачи.
Барселона останува на врвот од табелата во Ла Лига, но Реал Мадрид има меч помалку кој треба да го одигра против Селта Виго.
OhridNews