Фудбалерите на Барселона освоија само бод на гостувањето на Бенито Виљамарин стадионот ремизирајќи 1-1 со Бетис во 20-та рунда од шпанскиот шампионат.


Каталонците со голот на Луис Суарез во 90-та минута се спасија од пораз по водечкиот гол на домаќините во 75-та минута, но се драстично оштетени за непризнат чисти погодок при резултат 1-0.


Барселона со бодот му се доближи на Реал Мадрид на еден поен, но „кралевите“ имаат два натпревари помалку.

OhridNews