По европската круна екипата на Барселона во своите витрини ја додаде и светската триумфирајќи на клупскиот Мундијал во Јапонија.
Во големото финале каталонците со 3-0 го совладаа тимот на Ривер Плата и ја освоија третата титула од светските првенства.
Првиот погодок за Барселона го постигна Лионел Меси, а потоа два пати прецизен беше Луис Суарез.
Бронзениот медал на клупскиот Мундијал во Јапонија и припадна на Хирошима која со 2-1 беше подобра од тимот на Гвангжу.
Ohridnews











