Фудбалскиот клуб Барселона го назначи Ернесто Валверде за нов тренер, односно за наследник на Луис Енрике кој заминa од клупата по три години минати на Ноу Камп и ги разреши сите дилеми и шпекулации.
Одлуката за именувањето на Валверде ја соопшти претседателот на Барселона, Џозеп Бартомеу, по состанокот на Управниот одбор на клубот, а официјално ќе се потврди следниве денови на пресконференција.
53-годишниот стратег во Барселона доаѓа од составот на Атлетик Билбао, кој го предводеше четири сезони. Валверде во раните 80-те години има настапувано за каталонскиот клуб и нема да има потреба од многу време за прилагодување.
OhridNews