Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Копа дел Реј победувајќи го составот на Севиља во финалето со 2-0 после продолжението од триесет минути.


Каталонците и андулузијците одиграа фантастичен натпревар и покажаа дека заслужено се пласираа во финалето.

Големата борба на теренот ескалираше во неколку наврати по што судијата мораше да санкционира со жолти и црвени картони.

Прв поцрвена Хавиер Маскерано во 36-та минута. Севиља не го искористи фудбалерот повеќе, а силите се изедначија во 90-та минута кога поцрвена Евер Банега.

Во меѓувреме судијата подели и 13 жолти картони, а Барселона во продолжението наметна темпо кое полека ја плетеше мрежата околу голот на Севиља.

Патот до мрежата го пронајде Жорди Алба во 97-та минута, а печат на победата стави Нејмар во 120-та минута од мечот.


Со одбраната на трофејот во Купот, Барселона ја комплетираше двојната круна со што ја продолжи доминацијата во шпанскиот фудбал.

OhridNews