Шпанскиот фудбалски шампион Барселона објави дека го испратила белгискиот репрезентативен стопер 30-годишниот Томас Вермаленс на едногодишно позајмување во Рома.
Вермален во Барселона пристигна од Арсенал пред две години, но во текот на престојот во каталонската престолнина имаше големи проблеми со повредите.
Белгискиот репрезентативец одигра во Барселона 21 натпревар и постигна еден гол.
OhridNews