Шпанскиот шампион Барселона го продолжи договорот со компанијата Најк, според кој за 10 години ќе заработи 1,5 милијарди евра, тврди Мундо Депортиво.

Каталонците во наредната сезона од американската компанија ќе заработат 105 милиони евра, а потоа се до 2026 година ќе добиваат од Најк по 155 милиони евра годишно.

Овој спонзорски договор ќе биде најголем во историјата на фудбалот бидејќи е срушен рекордот на Манчестер Јунајтед кој од Адидас годишно добива 96 милиони евра.

Најк е спонзор на Барселона од 1998 година.

OhridNews