Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш потпиша нов двегодишен договор со Европскиот првак Барселона и стави точка околу неговата иднина.


Стариот договор на Бразилецот со каталонците истекуваше на 30 јуни, а тој се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Галатасарај и Милан.

– Со задоволство објавуваме дека Дани Алвеш го продолжи договорот со нашиот клуб. Потпиша нов договор од траење од две години со можност за продолжување за уште една. – стои во соопштението од клубот.

Дефанзиецот во Ноу Камп пристигна од Севиља во 2008 година, а оттогаш со екипата на Барселона освои 19 трофеи вклучувајќи ги трите од оваа сезона.

Мх.П.