Барселона и Реал Мадрид со победи во “Ла лига“ го најавија настапот во полуфиналето од Лигата на Шампиони. “Блауграната“ триумфираше минимално 1-0 над Леванте додека “кралевите“ со 3-1 го совладаа Бетис.


Стрелец на единствениот погодок за Барселона беше Фабрегас во 84-та минута. “Лос бланкос“ на погонот од Месут Озил стигнаа до победа. Германецот царуваше на теренот, со два погодоци и една асистенција најави дека е спремен за германскиот предизвик во ЛШ.


Резултати : Гранада – Валјадолид 1-1, Реал Мадрид – Бетис 3-1, Барселона – Леванте 1-0, Валенсија – Малага.

Мх.П.