Фудбалерите на Барселона со убедлив триумф (6-1) над Севиља ја надополнија негативата (2-0) од првиот меч и обезбедија пласман во четирите најдобриот во шпанскиот Куп.

Во 53-та минута и една подоцна Барселона стигна до 4-0. Кутињо со вториот погодок донесе 3-0, а Серхио Роберто погоди за 4-0. Севиља голема доза на неизвеснот внесе со погодокот на Арана за 4-1 и требаше уште еден погодок за полуфинале.
Да нема драма во финишот се погрижија Суарез и Меси. Уругваерцот маестрална контра ја заокружи со погодок, а Меси стави точка на една од подобрите акции во модерниот фудбал.
Барселона е третиот патник во 1/2 финалето. Друштво во ждрепката ќе и прават Валенсија и Бетис кои исто така обезбедија пласман. Последниот четврти патник ќе се дознае после реваншот помеѓу Жирона – Реал Мадрид. „Кралевите“ имаа предност 4-2 од првиот меч.
OhridNews












