Екипата на Барселона одби да ја исполни желбата на Реал Мадрид пред „Ел класико“ дербито кое ќе се одигра в сабота во 13 часот на Сантијаго Бернабеу.

„Кралевите“ после освоената титула на Светското клупско првенство во Абу Даби посакуваа победнички пречек во Мадрид, кој му се посветува на шампионот во случајов Реал Мадрид.

– Одма одлучивме да не им направиме победнички пречек, бидејќи ние не учествувавме на тоа натпреварување. Во случај да бевме дел од СП за клубови тогаш Реал Мадрид ќе беше испочитуван. – кратко со соопштениет се обрати Барселона.

Каталонците пред дербито имаат 11 бодови предност и меч повеќе во однос на „кралевите“ кои најавуваат атак на трите бодови на Сантијаго Бернабеу.

OhridNews