Клубот од Ноу Камп на својата официјална интернет страница ја потврид повредата на Лионел Меси по која ја напушти селекцијата на Аргентина.


Капитенот на „гаучосите“ на дуелот со Уругвај во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија ги повредил препоните.

Според извештајот од лекарската екипа во Барселона, Меси ќе пропушти неколку тренинзи до следните прегледи кои ќе ја покажат точноста на повреда и паузата која го очекува Аргентинецот.

Токму Меси беше човек на одлука на дербито меѓу Аргентина и Уругвај постигнувајќи го единствениот погодок на натпреварот.

OhridNews