Фудбалерите на Барселона забележаа нова победа во шпанската Примера лига совладувајќи ја Кордоба со 8-0 во 35-то коло.


Каталонците од 42-та до 65-та минута постигнаа пет погодоци и го сомлеа противникот на негов терен. Гол шоуто го започна Иван Ракитиќ, продолжија Луис Суарез и Лионел Меси со по два погодоци, а стрелаше уште Џерард Пике. Во финишот уште еднаш во листата на стрелци се запиша Суарез, а погоди и Нејмар од белата точка.


Барселона со трите бодови се одлепи на плус пет од конкурентот Реал Мадрид, кој пак ќе ги одмери силите со тимот на Севиља во дербито на колото.

Мх.П.