Европскиот шампион Барселона во следните неколку години планира да го реновира и надгради Ноу Камп кој е еден од најголемите стадиони на стариот континент.
Каталонците за реализација на големиот проект ја одбрале јапонската компанија „Никен Сикеи“, а буџетот е околу 400 милиони евра.
Со проширувањето Ноу Камп ќе собира 105 илјади гледачи, а трибините во првиот ред ќе се накосат за што подобра видливист на специјалните гости на клубот.
Изградбата ќе започне сезоната 2017/18, а крајот е планиран во 2021/22 година. До домот на фудбалскиот клуб спортското друштво Барселона веќе гради нова арена за потребите на кошаркарската екипа.
OhridNews











