Екипата на Барселона ќе го тужи бразилскиот репрезентативец Нејмар, кој во летниот преоден рок од Ноу Камп за рекордни 222 милиони евра се пресели во Пари Сент Жермен.

Каталонците покренеаја обвинение против Нејмар за кршење на договорот во текот на трансферот. На суд Бразилецот ќе оди за 8.5 милиони евра.

– Штетата изнесува 8.5 милиони евра, а плус ќе додадеме 10% камата. Барселона ќе направи се што во нејзина моќ да си ги заштити правата за своите играчи. – стои во краткото соопштение од Барселона.

Сапуницата околу трансферот на Нејмар траеше речиси месец дена, а најверојатно ќе потрае уште неколку по завршувањето.

OhridNews