Не поминаа 24 часа откако Атлетико Мадрид го презеде врвот во „Ла Лига“ тимот на Барселона се врати на лидерската позиција која им припаѓаше и до сега.

Каталонците за враќање на првата позиција на табелата го „преслушаа“ Елче победувајќи го 4-0. Гол шоу имаше Чилеанецот, Алексис Санчез, кој постигна три од четирите погодоци.

Резултати : Севиља – Гетафе 3-0, Барселона – Елче 4-0, Осасуна – Еспањол, Реал Сосиедад – Атлетик Билбао.

Мх.П.