Белгискиот репрезентативец Еден Азар после успешниот Мундијал во Русија е на заслужен одмор и не е дел од Челси на почекотот од турнејата во Австралија, но негово име се споменува во секој трансфер шпекулација која се пишува.

Првично, најблиску до договор и ангажман на Азар беше кралскиот клуб Реал Мадрид. Европскиот шампион од Стемфорд Бриџ, не го посакува само Азард, туку и најдобриот чувар на мрежата на СП во Русија, Тибо Куртоа. Шпанците за услугите на белгискиот репрезентативец подготвени се да го одврзат ќесето и да понудат 160 милиони евра.

Но, сметките на Реал Мадрид во преговорите со Азар може да гипоремети Барселона, која активно се уклучи во трката за брзоногиот фудбалер. Барселона на Челси ќе му понуди две опции. Првата е оштета за откупување на договорот, а втората е оштета плус Осман Дембеле во пакет.

„Сините“ и новиот предводник Маурицио Сари ќе бидат на тешко искушение, бидејќи со продажба на најдобриот играч во екипата ќе загубат многу повеќе, отколку што можат да добијат.

OhridNews