По победата над Бетис 4-2 екипата на Барселона стигна на два чекора од враќањето на титулата во “Ла Лига“.

Во последните четири натпревари од сезоната на каталонците им се потребни два бодови за и математички да ја обезбедат 22-та круна во Шпанија.

Бетис на два пати имаше водство, но избраниците на Тито Виланова успевеаја да се вратат. Во вториот дел во игра влезе Меси и веднаш ја направи разликата на теренот. Постигна два погодоци кои значеа победа за составот на Барселона.

Резултати : Мајорка – Леванте 1-1, Сарагоса – Ваљекано 3-0, Севиља – Еспањол 3-0, Барселона – Бетис 4-2.

Табела : Барселона 88, Реал Мадрид 77, Атлетико Мадрид 69, Реал Сосиедад 58, Валенсија 56, Малага 53.

Мх.П.