На каталонците одлично им оди сезонава во сите натпреварувања, но тренерот Луис Енрике сака да ја засили екипата со фудбалерот на Селта Виго, Нолито.


Тој на Ноу Камп би дошол на позајмица, а во зависност од игрите во втората полусезона бранителот на трофејот во Ла лига ќе одлучи дали ќе го откупи целиот договор.

Ваквото барање на Луис Енрике ги вчудоневиде сите бидејќи каталонците го имаат најсилниот напад на светот, а од јануари дозвола за настапи добија Арда Туран и Видал кои пристигнаа во летниот преоден рок.

Моментално фудбалерите на Барселона се наоѓаат на втората позиција на табелата, но со меч помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

OhridNews