Францускиот фудбалер Осман Дембеле доби жестока парична казна од Барселона. Клубот му изрече казна во висина од 200 000 евра за кршење на клупските правила и недисциплина.

Дембеле кој во Барселона се пресели од Борусија Дортмунд добил опомена за доцнење на тренинг и легнување после предвиденото време. Членот на „триколорите“ ги повторил грешките, а Барселона не му прости и казна финансиски.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја потврди информацијата дека Дембеле го прекршил клупските правила и дека нема да следува дополнителна суспензија.

Дембеле имал сериозен проблем со видео игрите на кој бил многу навлечен и затоа останувал до доцна во ноќта. На францускиот фудбалер му била понудена помош од психолох кој веднаш ја одбил и рекол дека сам ќе се избори со хобите кое му создава големи проблеми во клубот.

OhridNews