Англискиот премиерлигаш Ливерпул нема намера да се откаже од услугите на Филипе Кутињо, откако ја одби понудата од Барселона висока 100 милиони евра.

Каталонците по втор официјално испраќаат понуда на адреса од Ливерпул за ангажман на Бразилецот во кој гледаат замена за Нејмар, кој пак премина во Пари Сент Жермен.

Кутињо на „црвените“ од Енфилд им се приклучи во 2013 година од тимот на Интер. Со добрите игри веднаш се наметна во првиот тим, а по заминувањето на Стивен Џерард ја презеде дирегентската палка во екипата.

Барселона има уште дваесеттина дена за „трета среќа“ во обидот да го ангажира Кутињо или да најде некој друг фудбалер кој би го дополнил местото на Нејмар во нападот.

OhridNews