Екипата на Севиља ја забележа втората победа сезонава откако пред своите гледачи со 2-1 ја совладаа Барселона во седмата рунда од шпанската Ла лига.


Домаќините ја искористија ранливоста на каталонците кои во краток период останаа без Лионел Меси и Андрес Иниеста.

Севиља за шест минути и зададе два удари на Барселона постигнувајќи голови преку Крон Дели и Винсенте Ибора.


Нејмар од белата точка го намали резултатот на 2-1, но гостите не успеаја да стигнат до поволен резултат и го претрпеа вториот пораз сезонава.

Мх.П.