Фудбалскиот клуб Барселона е подготвен на Бразилецот Нејмар да му понуди нов договор, потврдил неговиот менаџер Вагнер Рибеиро.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, Барселона сака Нејмар да го задржи на „Ноу Камп“ до 2020 година.

Нејмар во 2013 година од Сантос пристигна во Барселона, потпишувајќи петгодишен договор. Капитенот на бразилската репрезентација во Барселона има годишна плата од 14 милиони евра, а уште 13 милиони евра годишно заработува од спонзорските договори.

Нејмар минатата сезона постигна 15 голови, а оваа сезона на 18 натпревари има постигнато 14 голови.

„Макфакс“