Екипите на Барселона и Тотенхем забележаа победи над Јувентус (2-1) односно Пари Сент Жермен (4-2) во контролните натпревари кои ги одиграа во Северна Америка.
Двата голови за каталонците ги постигна Нејмар во 17-та и 26-та минута, додека почесниот погодок за „старата дама“ беше дело на Џорџо Киелини.
„Петлите“ до победата стигнаа во последните десеттина минути од натпреварот со головите на Тоби Алдервирд и Хари Кејн. Претходно во првиот дел двете екипи постигнаа по два голови.
Вечерва во рамките од американската турнеја силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Нивниот меѓусебен дуел ќе биде генерална проба, пред дуелот во Супер купот на Европа, кој ќе се одигра во Скопје на 8 август.
OhridNews