Македонскиот “бомбардер“ Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид се пласираа во финалето од Копа дел Реј. Бранителот на трофејот во 1/2 финалето го совлада домаќинот на турнирот Торавихеа со 27-20.

Десниот бек на “јорганџиите“ Лазаров, како и секогаш беше расположен за игра, со шест погодоци беше најефикасен во својата екипа. По него следаа Кањелас со пет, а по три имаа Парондо и Маркусен.

Во големото финале кое се игра денеска Атлетико Мадрид ќе се сретне со Барселона, која во 1/2 финалето го елиминираше Куатро Рајас со 28-26.

Мх.П.