Екипите на Барселона и Ривер Плата ќе се сретнат во финалето од Светското првенство за клубови кое се одржува во Јапонија.
Каталонците во полуфиналето со 3-0 го совладаа составот на Гвангжу. Херој на европскиот преставник на СП беше Луис Суарез кој ги постигна трите погодоци.
Претходно, аргентинците со минимални 1-0 го победија тимот на Хирошима во полуфиналето. Големото финале ќе се одигра на 20-ти декември со почеток во 11:30 часот.
Ohridnews











