Фудбалерите на Барселона не дозволија изненадување и благодарение на хет трикот на Луис Суарез со 3-0 ја совладаа Гранада, победа која им ја осигура 24. титула во Шпанија.Суарез стрелаше прецизно во 22,38 и 82 минута. 

Втор низ целта мина Реал Мадрид кој со 2-0 го совлада Депортиво. Роналдо во 7 и 25 минута беше стрелец на двата гола. 

Атлетико Мадрид ќе игра и наредната сезона во Лигата на шампиони, додека Виљареал се пласираше во квалификациите. Селта , Атлетик Билбао и Севиља ќе играат во Лига Европа. Патниците во Секунда ќе бидат познати по комплетирањето на колото.

ohridnews