Составот на Барселона направи уште еден исчекор до титулата во Ла Лига победувајќи го Реал Сосиедад во 36-та рунда со 2-0 пред своите гледачи.
Каталонците во вториот дел најдоа начин да го скршат отпорот на гостите од Баскија кои оддолевеаја на нападите во првото полувреме.
Бразилскиот ас Нејмар ги начна во 56-та минута, а печат на победата стави Педро во финишот од натпреварот.
До крајот на шампионатот за Барселона остануваат уште два натпревари и ако ги добијат ја освојуваат титулата пред лутиот конкурент Реал Мадрид.
Мх.П.