Бразилскиот репрезентативец Нејмар е на пат да стане нов член на Пари Сент Жермен, откако неговиот сегашен клуб Барселона се согласи за негов трансфер.
Каталонците подготвени се да преговараат со францускиот првак за оштетата, која се проценува дека ќе стигне до 222 милиони евра.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде му дал слободни денови на Нејмар да го реши прашањето за својата иднина и тој не се појавил на тренингот после враќањето од турнејата во САД.
„Светците“ за сега немаат никаква информација лиферувано до јавноста, а се очекува трансферот да бида финализиран деновиве и Нејмар да го преземе епитетот најскап фудбалер во историјата на фудбалот.
OhridNews