Екипата на Барселона забележа нова победа во Ла Лига совладувајќи ја Селта со 6-1 пред своите гледачи во 24-та рунда од шампионатот.
Каталонците отпорот на гостите комплетно го скршија во вториот дел откако првото полувреме заврши (1-1). Лионел Меси погоди од слободен удар за водство 1-0, а Гуидети го изедначи резултатот од пенал.
Најдобриот фудбалер на Барселона моментално Луис Суарез со три голови во низа донесе веќе убедлива предност за Барселона. За издвојување е третиот погодок на Уругваецот кој го постигна по асистенција на Меси од белата точка. Печат на победа во финишот ставија Иван Ракитиќ и Нејмар со петтиoт односно шестиот погодок за каталонците.
Резултати: Реал Сосиедад – Гранада 3-1, Севиља – Лас Палмас 2-0, Еибар – Левенте 2-0, Гетафе – Атлетико Мадрид 0-1, Барселона – Селтва Виго 6-1.
Табела: Барселона 57 (-1), Атлетико Мадрид 54, Реал Мадрид 53, Виљареал 48, Севиља 40…
OhridNews











