Екипата на Барселона со преставувањето на новото засилување Паулињо на Ноу Камп ги залечува раните од поразот од Реал Мадрид во шпанскиот Супер куп.

Бразилскиот интернационалец на Ноу Камп се пресели од кинескиот тим Гуангжу за точно 40 милиони евра.

– Ова е посебен момент во мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на клубот, кој до крајот се бореше за мојот потпис. Со добри игри и максимална ангажираност ќе се потрудам сето тоа да го вратам на теренот и да ги направам навивачите среќни. – изјави Паулињо.

Бразилецот ќе го носи дресот со број 15, а тој е вкупно трето засилување за новиот стратег Валверде, кој претходно ги доведе Жерар Делафеу и Нелсон Семедо. 

OhridNews