Фудбалерите на Барселона на своите дресови, на отворањето на Ла Лига, наместо презимињата ќе го носат името на градот, во знак на сеќавање на жртвите во терористичкиот напад кој се случи во четвртокот.

Барселона доби посебна дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија, на натпреварот со Бетис (недела, 20:15 часот) наместо презимињата на играчите да го носат името на градот, а на дресовите ќе стои и пораката „TOTSSOMBARCELONA“, што во превод значи „Сите ние сме Барселона“.

Клубот во своето соопштение наведе дека натпреварот ќе започне со едноминутно молчење и дека играчите ќе носат црни ленти на ракавите.

Во четвртокот во терористочки напад кој се случи на булеварот Лас Рамблас загинаа 13 лица, а околу 100 се повредени.

OhridNews