Големите ривали во и надвор теренот Барселона и Реал Мадрид прв пат во историјата ќе седнат на заедничка маса и ќе преговараат за трансфери, односно трампа на играчи.


Желба на клубот од Ноу Камп е шпанскиот репрезентативец Иско кој многу малку добива во тимот на Реал Мадрид сезонава. Интерес каталонците за овој фудбалер покажаа и пред почетокот на сезоната, но „кралевите“ веднаш отфрлија преселба во лутиот ривал.

Како што стојат работите сега незадоволството на Иско за малата минутажа е големо, а Зинедин Зидан не сака во екипата да чува незадоволни играчи и може да се согласи за премин во Барселона.

Но, „кралевите“ не сакаат да го пуштат Иско само за финансиска оштета туку во своите редови го посакуваат хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ кој наеднаш падна во сенка по малиот конфликт со Луис Енрике.

Што и како ќе се случи во летниот преоден рок останува да видеме, но едно е јасно дека Барселона и Реал Мадрид ќе седнат на заедничка маса што сега е незамисливо поради борбата за титулата во Ла лига.

OhridNews