Барселона широко си ги отвори вратите во 1/4 финалето од Купот на Шпанија победувајќи го Еспањол со 4-1 во првиот осминафинален натпревар.
Каталонците против градскиот ривал одиграа лош натпревар во шпанската Ла лига ремизирајќи 0-0, а на Ноу Камп ги поправија сите грешките.
Сепак, мечот гостите го започнаа одлично поведувајќи со 1-0. Но, водечкиот погодок ги разбуди домаќините кои преку Меси, Суарез и Нејмар го свртија резултатот и зачекорија кон 1/4 финалето.
Инаку, на мечот за актуелниот Светски и Европски првак дебитираа Арда Туран и Алекс Видал. Турчинот го започна натпреварот, а дефанзивецот влезе од клупата во игра.
Резултати : Атлетик Билбао – Виљареал 3-2, Мирандес – Ла Коруња 1-1, Валенсија – Гранада 4-0, Бетис – Севиља 0-2, Барселона – Еспањол 4-1, Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид.
Ohridnews











