Репрезентативецот на Франција и член на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман ќе биде главна трансфер мета на Барселона во летниот преоден рок.

Каталонците се насочуваат кон Гризман, откако не најдоа заеднички јазик со Ливерпул за услугите на Бразилецот, Филипе Кутињо.

Во шпанската јавност се уште не се споменува висината на оштета која би ја платила Барселона на сметката од Атлетико Мадрид, но сигурно ќе биде над 80 милиони колку што изнесува клаузулата во договорот на Французинот.

Голем интерес за Гризман изминатото лето покажа Манчестер Јунајтед, но левоногиот фудбалер остана само поради забраната за трансфери на Атлетико Мадрид која ја доби од ФИФА.

Пишувањата за заминување на Гризман се зголемија, откако Диего Коста го официјализираше враќањето во Атлетико Мадрид од тимот на Челси.

OhridNews