Барселона со 2-1 го совлада Атлетико и среде Мадрид ја прослави 22-та титула во Примера.  Математички каталонците станаа прваци во саботата кога Реал Мадрид ремизираше 2-2 со екипата на Еспањол.


“Јорганџиите“ поведоа со голот на Фалкао, Санчез изедначи 1-1, а конечниот триумф за каталонците го донесе фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандез, кој си постигна погодок во сопствената мрежа.

Резултати : Рајо Ваљекано – Валенсија 0-4, Бетис – Селта 1-0, Атлетико Мадрид – Барселона 1-2, Малага – Севиља

Мх.П.