Барселона ја одреди сумата за обештетување во случај на предвремен раскин на договорот на Френки де Јонг.

Според „Мундо Депортиво“, доколку решат да го продадат Френки, Барса од потенцијалниот купувач ќе бара околу 100 милиони евра. Оваа сума се смета за адекватна, со оглед на трансферите на Мојсес Каиседо (115 милиони евра) и Енцо Фернандез (121 милиони евра) во Челзи.
Каталонците сметаат дека доколку не се продолжи договорот, ќе има побарувачка за Де Јонг, особено од англиски клубови.
Во тековната сезона Де Јонг забележа 23 настапи за Барселона во сите натпреварувања, постигна еден гол.
OhridNews










