Иако поминаа речиси пет години од заминувањето на Златан Ибрахимовиќ од Барселона во Милан се уште е актуелна оваа тема поради несогласувањата на Швеѓанецот со Пеп Гвардиола.


Каталонците го ангажираа Ибрахимовиќ од Интер, а во спротивна насока замина Ето. Шведскиот репрезентативец се задржа само една сезона и замина во Милан, а претседателот Жозеп Бартомеу изјави дека трансферот беше неизбежен поради големото нетрпение меѓу нив двајцата.

– Ибрахимовиќ летото 2010 година силно сакаше да замини од Барселона и го отстапивме на Милан. Неговиот агент Мино Раиола тогаш ми рече дека што побрзо замине Ибра тоа ќе биде подобро за сите нас бидејќи ќе го истепа Гвардиола. – изјави Бартомеу.

Во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, Барселона претрпе елиминација од Интер, а Гвардила токму Ибра го обвини за неуспехот на екипата.

Ohridnews